• четврток, 26 декември 2024

Презентација на средните стручни училишта во ОУ„Блаже Конески“ во Скопје

Презентација на средните стручни училишта во ОУ„Блаже Конески“ во Скопје
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Со цел подобрување на имиџот на средното стручно образование и потикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување пред деветтооделенците и нивните родители во Основното училиште „Блаже Конески“ во Општина Аеродром ќе бидат  презентирани средните стручни училишта од град Скопје кои ќе ги претстават струките и профилите. Како што најавија од Занаетчиската комора на Македонија, на настанот ученици од средните стручни училишта АСУЦ „Боро Петрушевски“, ЕТУЦ „Михајло Пупин“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Лазар Танев“ СУГС „Георги Димитров“ и СУГС „Марија Кири Склодовска“ на штандови ќе вршат презентација со практично работење во струките и профилите кои ги нудат училиштата за упис во средно образование. На настанот ќе биде присутна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски  и занаетчии од сите сектори на занаетчиско производство и занаетчиски услуги. Присутните ќе го посетат и базарот организиран од страна на училиштето на занаетчиски производи изработени од учениците од I до IX одделение во ОУ „Блаже Конески”. сст/мд/

Остани поврзан