• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Презентација на согледувања за остварувањето на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух

Презентација на согледувања за остварувањето на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител - Тим за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, заедно со партнерските организации кои се дел од Националниот мониторинг механизам ќе одржат прес - конференција.

На прес-конференцијата ќе бидат промовирани согледувањата во врска со остварување на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух кои учат во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партениј Зографски“- Скопје, а ќе бидат објавени и препораките на Народниот правобранител, кои ќе бидат доставени до Минитерството за образование и наука со цел изнаоѓање на системско решение за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух. сст/аа/

фото МИА архива

 

 

 

Остани поврзан