• четврток, 26 декември 2024

Презентација на резултати од Национална дебатна анкета за изборен систем и реформи во изборниот процес

Презентација на резултати од Национална дебатна анкета за изборен систем и реформи во изборниот процес

Скопје, 20 септемри 2022 (МИА) Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска ќе ги презентира резултатите од Националната дебатна анкета за изборниот систем и реформите во изборниот процес во Северна Македонија.

Од ЕПИ информираат дека ќе ги презентираат финалните компаративни резултати од основната анкета спроведена во мај 2022 година и од финалната анкета спроведена по дебатниот настан, одржан на 4 и 5 јуни годинава, како и краток  документ за јавни политики.

Истражувањето, како што соопшти ЕПИ, беше спроведено во рамки на проектот „АКТ – Активна граѓанска иницијатива“ поддржан од National Endowment for Democracy. Овој проект има цел да овозможи национален форум за размена на идеи, преку директно вклучување на граѓаните и нивно учество во процесот на јавна дебата и придонес кон креирање јавни политики.

Според ЕПИ, форумот обезбедува изворни сознанија за ставовите на општата и експертската јавност и промената на нивните ставови преку дебатна анкета за потребните механизми за ефективна демократска транзиција во Република Северна Македонија.

Оваа иновативна метода се изведе трет пат во соработка со Центарот за делиберативна демократија на Универзитетот Стенфорд во САД. Проектот се спроведува на централно ниво, вклучувајќи ги осумте плански региони во Република Северна Македонија. Форумот нуди иновативна дебата за подобро разбирање на изборниот процес и реформите во изборниот систем во државата.мд/лв/

Остани поврзан