• среда, 25 декември 2024

Презентација на резултатите од кампањата „Првата помош спасува живот“

Презентација на резултатите од кампањата „Првата помош спасува живот“

Скопје, 19 јуни 2023 (МИА) - Црвениот крст денеска во Скопје ќе ги промовира постигнатите резултати од кампањата што ја спроведе од мај 2022 година до март годинава под мотото „Првата помош спасува живот“, наменета за ученици од основни и средни училишта на целата територија на државата.

На настанот е најавено присуството на генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, министерот за здравство Фатмир Меџити, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Во рамките на настанот ќе се потпише и меморандум за соработка, а во знак на благодарност за досегашната соработка ќе им се врачат благодарници на Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и на градоначалничката на Град Скопје. Воедно ќе се спроведе и градскиот натпревар по прва помош пред Спомен куќата „Мајка Тереза“.вј/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан