• четврток, 26 декември 2024

Презентација на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“

Презентација на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“

Скопје, 19 мај 2021 (МИА) - Преку платформата ЗООМ денеска ќе биде презентиран проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, а се спроведува од Австриската агенција за европска интеграција и економски развој (AEI), Министерство за правда и јавна администрација на Република Хрватска, Mинистерство за внатрешни работи на Република Австрија и Институтот за основни човекови права  „Лудвиг Болтцман“.

Како што е најавено, се очекува на презентацијата да се обратат Вера Јурова потпретседателка на Европската Комисија, министрите за правда и за внатрешни работи Бојан Маричиќ и Оливер Спасовски, како и Хајдрун Занета, генерална директорка на Агенцијата за европска интеграција и економски развој АЕИ, Австрија.

Меѓу другите, најавено е и обраќање од Павлина Црвенковска, престедателка на Судски совет, Ацо Колевски, претседател на Советот на јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, како и Андреас Холцер, шеф на Австриската служба за криминалистичко разузнавање, Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција и Насер Зибери, Народен правобранител.цр/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан