• петок, 27 декември 2024

Презентација на кинематографери, панел и откривање ѕвезди на лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“

Презентација на кинематографери, панел и откривање ѕвезди на лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“

Битола, 25 септември 2024 (МИА) - Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ претпаднево во Битола продолжува со прес конференција на која ќе учествуваат кинематограферите Пабло Лозано и Душан Хусар, и со панел „Од Трајбек до Манаки, зад сцената“.

Во битолското Кино „Манаки“ продолжува проекцијата на филмови во категорија „Кратка програма“, а прв ќе биде емитуван филмот „Состојба на умот“ на Александра Кардалевска во кој кинематографер е Душан Кардалевски.

Во 15 часот на Широк сокак ќе бидат откриени ѕвезди на Валтер Карваљо, Кристијан Бергер и Роби Милер. Организаторот, во чест на лауреатот Роби Милер ќе го емитува филмот „Живеење на светлината“.

Во вечерната програма, во големата сала на НУ Центар за култура ќе се емитуваат филмовите кандидати за златна „Камера 300“,  „Зло непостои“ во кој кинематографер е Јошио Китагава и филмот „Сценарио од соништата“ во кој кинематографер е Бенјамин Леб.

ИФФК „Браќа Манаки“ завршува на 27 септември. мт/лв/

фото: МИА

Остани поврзан