• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Презентација на Годишен извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година

Презентација на Годишен извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година

Скопје, 16 април 2025 (МИА) - Во Скопје денеска ќе биде презентиран Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) за 2024 година. 

Од КСЗД соопштија дека на презентацијата ќе бидат претставени клучните наоди, активности и препораки од годишниот извештај, како и постигнувањата и предизвиците во спроведувањето на политиките за еднаквост и недискриминација во Република Северна Македонија.

На презентацијата од Комисијата се најавени воведни обраќања од Лимко Бејзароски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Димитар Апасиев, претседател на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и Рита Колумбија, постојан координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија.

Презентација на наодите од Годишниот извештај на КСЗД ќе ја одржат Игор Јадровски  и Флора Кадриу, членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. цр/мч/

Фото: КСЗД

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан