• недела, 24 ноември 2024

Презентација на анализата „Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки”

Презентација на анализата „Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки”

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА, денеска во Министерството за надворешни работи ќе биде промовирана анализата и истражување на тема „Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки”.

Како што информираат од Фондацијата, настанот ќе биде отворен од директорот на канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденаур“ во Скопје, Даниел Браун, и Катерина Јакимовска од Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел. Воведно излагање на темата ќе има државниот секретар при Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски.

На настанот ќе се обратат и Ана Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности  ЕСТИМА, Бледар Фета, истражувач при Хеленската фондација за европска и надворешна политика, и Александра Станковиќ од Институтот за Европски работи од Белград.

Дискутант на панел-дискусијата ќе биде и Давид Меркле од Одделот за европска и меѓународна соработка со земјите од Азија и Пацификот при Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Берлин, кој преку онлајн-врска ќе се осврне на перцепциите на ЕУ и Германија во однос на кинеското влијание на пристапниот процес на регионот Западен Балкан.

Иницијативата е подржана и од Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел.фф/хс/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан