• сабота, 23 ноември 2024

Презентација на анализата за ефективноста и постигнувањата на Партиципативниот форум

Презентација на анализата за ефективноста и постигнувањата на Партиципативниот форум

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе одржи Партиципативен форум на тема „Анализа за функционалноста, ефективноста и постигнувањата на Партиципативниот форум.“

На отворањето ќе се обратат директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ, државниот секретар во Министерството за односи меѓу заедниците Владимир Стојановиќ и Катарина Живковиќ, национална програмска офицерка од Мисија на ОБСЕ во Скопје.

Анализата за функционалноста, ефективноста и постигнувањата на Партиципативниот форум ќе ја презентира Симонида Кацарска, надворешен експерт. мч/аа/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан