• четврток, 19 декември 2024

Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП (видео)

Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП (видео)
Нион, 10 јули 2021 (МИА) - На 10 јули 1960 година во Париз, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на Европското првенство во 1960 година со резултат 2:1.

Југославија поведе со голот на Милан Галиќ. Во второто полувреме Слава Метревели го изедначи резултатот, а во 113-та минута Виктор Понеделник го постигна победничкиот гол. Турнирот во 1960 година беше првиот Европскиот фудбалски шампионат. На тоа Европско првенство учествуваа само четири репрезентации: СССР, Југославија, Чехословачка и Франција кои до завршницата дојдоа по квалификациите во кои се натпреваруваа 17 држави. зс/

Остани поврзан