Пред Судскиот совет свечени изјави дадоа новите претседатели на основните судови во Кочани, Гевгелија, Кавадарци и на апелационите судови во Битола и во Гевгелија
- Пред Судскиот совет денеска свечени изјави дадоа новоизбраните претседатели на основните судови во Кочани, Гевгелија, Кавадарци и на апелационите судови во Битола и во Гевгелија.

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Пред Судскиот совет денеска свечени изјави дадоа новоизбраните претседатели на основните судови во Кочани, Гевгелија, Кавадарци и на апелационите судови во Битола и во Гевгелија.
Престедател на Основен суд Кочани е Спиро Борисов, судија на Основен суд Кочани, за претседател на Основен суд Гевгелија е избрана Маја Аврамова, судија на Основен суд Гевгелија, и претседател на Основен суд Кавадарци е Елизбета Петковска, судија на Основен суд Кавадарци.
Жаклина Доведен, судија на Апелационен суд Битола е избрана за престедател на Апелационен суд Битола и Беким Мехмеди, судија на Апелационен суд Гостивар е новиот претседател на Апелационен суд Гостивар.
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски пред почетокот на потпишувањето на свечените изјави, им честиташе на новоизбраните претседатели на основните судови во Кочани, Гевгелија, Кавадарци и на апелационите судови во Битола и во Гевгелија.
-Вашата улога како претседатели на судови нема да биде само лустративна, бидејќи вие сте носители на интегритетот, ќе бидете пример за непристрасност и ќе бидете двигатели на ефикасноста во работењето на судовите во кои што сте избрани, рече Камбовски.фф/ев/
Фото: МИА