• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пред натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ по грешка интонирана химната на Лига Европа

Пред натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ по грешка интонирана химната на Лига Европа

 

Бирмингем, 16 април 2025 (МИА) – Химната на Лига Европа по грешка беше интонирана изминатата ноќ во Бирмингем, пред реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони меѓу Астон Вила и ПСЖ.

Нешто пред 21 часот, преку системот за јавно обраќање на стадионот „Вила Парк“ се интонираше химната на второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа, но организаторите набрзо ја поправија грешката и ја емитуваа познатата мелодија од Лигата на шампионите.

Астон Вила оваа сезона прв пат настапи во Лигата на шампиони. Тимот од Бирмингем претходно играше во елитното натпреварување наречено Европски куп во сезоната 1982/1983. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан