• недела, 24 ноември 2024

Предлог-законот за управување со конфискуван имот во фокусот на средбата Лога-Небиу

Предлог-законот за управување со конфискуван имот во фокусот на средбата Лога-Небиу

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Предлог-законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и реализација на мерката „конфискација“ во предметите „Трансмет“, „Империја“, „ Плацеви на Водно“ и , „Сашо Мијалков“, биле во фокусот на средбата на министерот за правда Кренар Лога со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу.

Како што информираат од Министерството за правда, во дел од наведените предмети се евидентирани неправилности и пропусти во постапката и во извршувањето од страна на Агенцијата. 

- Се надеваме дека со новиот закон ќе се надминат сите проблеми околу реалзиацијата на мерката ,,конфискација”, велат оттаму. ар/са/

Фото: Министерство за правда 

Остани поврзан