• вторник, 24 декември 2024

Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов, најави Министерството за правда

Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов, најави Министерството за правда

Скопје, 16 јули 2023 (МИА) - Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов и деновиве се очекува да го разгледаат четирите пратенички групи, по што ќе биде процесуиран во Собрание. Предлогот на министерот за правда Кренар Лога начелно е прифатен од сите фактори и пратенички групи во земјава. Ова е објавено попладнево на официјалната Фејсбук страница на Министерството за правда. 

Од овој закон, како што се наведува, корист ќе имаат многу граѓани на кои ќе им се даде дополнителна можност за ресоцијализација.

- Предлогот доаѓа по успешната амнестија на лицата кои сториле прекршоци за време на Ковид пандемијата. Целта на законот е да нема пренатрупаност во затворите и драстично да се ослободат затворските капацитети, со што ќе се создадат оптимални услови за другите затвореници, стои во објавата на Министерството за правда. мд/фф/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан