• четврток, 26 декември 2024

Предлог-буџетот за 2024 година во собраниска процедура

Предлог-буџетот за 2024 година во собраниска процедура

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Предлог-буџетот за 2024 година е доставен до Собранието и треба да биде разгледан на матичната Комисија за финансирање и буџет.

Според податоците на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е доставен во средата откако во вторникот во Владата го презентираа министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски. 

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, како и подмирување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на обврските на државата. 

Според министерот за финансии, во Предлог-буџетот планирани се пари за повисоки пензии и плати во јавниот сектор, со исклучок на функционерските плати. 

Расходната страна е проектирана на 343,6 милјарди денари или за 5,8 проценти  повисока во однос на 2023 година, а приходите на 310,1 милјарда денари и се повисоки за 10 проценти. Буџетскиот дефицит е за околу 9,2 милјарди денари понизок во однос на 2023 година. Се очекува растот на економијата да биде 3,4 проценти,а стапката на инфлација е проектирана на 3,6 проценти. 

Според опозицијата, Предлог-буџетот е напумпан и не носи развој, туку криминал и корупција. Оттаму оценија дека власта од 2018 година до денес потрошила 25 милијарди евра низ буџети, но не неправилна ништо ново. бак/мд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан