• сабота, 28 декември 2024

Предизборна коалиција на израелските десничарски партии

Предизборна коалиција на израелските десничарски партии
Ерусалим, 16 јануари 2020 (МИА) – Религиозно-националистичките партии во Израел стапија во коалиција пред парламентарните избори што се закажани во март, трети по ред за една година. Партиите постигнаа договор по една недела преговарање, но во коалицијата не влегува партијата Еврејска сила, која и на претходните избори настапи самостојно и не обезбеди доволно гласови за влез во Кнесетот. Главните кандидати на Еврејската сила се наследниците на рабинот Меир Кан, кој се залагаше за насилно отстранување на Палестинците и за еврејска теократија. Партијата на Кан беше отстранета од израелскиот Парламент во 80-тите години од минатиот век, а САД ја квалификуваа Еврејската одбранбена лига како терористичка организација. Блокот составен од тврдокорни религиозни Израелци, од кои поголемиот број се доселеници од Западен Брег, има две струи. Едната ја сочинуваат традиционалистите што ги следат конзервативните политички директиви од рабините, а другата полибералната струја е предводена од министерот за одбрана Нафтали Бенет. Бенет беше член на партијата Еврејски дом, но ја напушти партијата и ја формира Нова десница, која не успеа да го помине цензусот на изборите во април минатата година. На изборите во септември, религиозно-националистичките партии бае обединети, а на чело на листата беше популарниот конзервативен министер за правда Ајелет Шакед. Во Израел третпат се одржуваат избори во рок од една година бидејќи ниту Бенјамин Нетанјаху ниту Бени Ганц не успеаја да формираат коалициска влада по изборите во април и во септември минатата година, на кои немаше јасен победник. ми/

Остани поврзан