• среда, 25 декември 2024

Предградието на Дамаск беше погодено од израелски воздушни напади

Предградието на Дамаск беше погодено од израелски воздушни напади

Бејрут, 2 јануари 2024 (МИА) - Неколку израелски воздушни напади ја погодија периферијата на Дамаск рано утринава и предизвикаа материјална штета, објавија сириските државни медиуми.

Нападите, според неименуван сириски воен функционер, биле извршени од правец на делот од Голанската висорамнина окупиран од Израел.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, која ја следи граѓанската војна во Сирија и со седиште во Велика Британија, извести дека во нападите била погодена артилериска единица во која се бореле и членови на либанската екстремистичка организација Хезболах.

Опсерваторијата наведе дека Израел извршил 76 напади на сириска територија во изминатата година.

Израелската војска вчера соопшти дека потврдила оти пет ракети истрелани од Сирија паднале во ненаселена област. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан