• среда, 27 ноември 2024

Предводени од Ристовска, македонските ракометарки поуспешни од Исланд

Предводени од Ристовска, македонските ракометарки поуспешни од Исланд
Скопје, 19 март 2021 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација вечерва ја совлада соодветната селекција на Исланд со 24:17 во првиот од трите натпревари на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2021. Најдобра на дуелот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, беше Сара Ристовска која постигна 11 гола. Значаен придонес во успехот на „црвено-жолтите“ дадоа и Елена Ѓорѓиевска со шест погодоци и голманката Матеја Серафимова со осум одбрани. Утре 17 часот македонските ракометарки ќе се соочат со литванската селекција, додека в недела турнирот ќе го завршат со натпреварот со Грција. Двете првопласирани на крајот на турнирот ќе обезбедат место во баражот за Мундијалот во Шпанија. зс/

Остани поврзан