• четврток, 26 декември 2024

Предвелигденски културен викенд во Демир Хисар

Предвелигденски културен викенд во Демир Хисар

Демир Хисар, 25 април 2024 (МИА) - Општина Демир Хисар во пресрет на христијанскиот празник Белигден организира превелигденски културен викенд на кој ќе бидат приредени театарска претстава и фолклорен фестивал.

Од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар соопштија дека в сабота во Дом на кулутура „Илинден“ премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Женами се вика Борис“ од Рафи Шарт во режија на Благој Николов, а в недела напладне на градскиот плоштад ќе се одржи седмото издание на националниот фолклорен фестивал „Велигденски фолклорни средби“.

Во претставата „Женами се вика Борис“ настапуваат актери од драмското студио што работи во рамки на Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, додека на фестивалот „Велигденски фолклорни средби“ ќе настапат КУД „Илинден" од Битола, КУД „Бисер" од Кичево, КУД „Ѓердан од бисери" од Охрид и домаќините КУД „Илинден" од Демир Хисар.

Манифестациите се одржуваа со поддршка на Општина Демир Хисар и Министерството за култура. мт/сст/

 

 

 
 

 

 

Остани поврзан