• среда, 27 ноември 2024

Предавање на уметницата Река Самир во Струга

Предавање на уметницата Река Самир во Струга

Струга, 6 август 2024 (МИА) - Во Паркот на поезијата в четврток, уметницата Река Самир од Обединетото Кралство ќе одржи предавање на тема „In situ (site specific art) во уметничките практики“.

Предавањето е во рамките на уметничката резиденција „Ластар 2024“ поддржанa од Министерство за култура, во соработка со здружение ИНКА и развојниот хаб во селото Вишни.

Река Самир, како што соопшти Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, ги истражува различните аспекти да се биде уметник користејќи различни медиуми и теми.

Работи како куратор и е учесник на уметнички резиденции низ целиот свет. Предавала уметност на додипломци и средношколци и била ментор во многу резиденции. Како уметник се труди да ги помести границите надвор од комфорната зона, проширувајќи го својот начин на изразување и преку пишување, стои во информацијата за Самир. сс/дма/

Фото: Плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан