• недела, 24 ноември 2024

Предавање во Охрид за подигање на свеста кај популацијата за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања

Предавање во Охрид за подигање на свеста кај популацијата за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања

Охрид, 4 март 2024 (МИА) – Во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот (од 1 до 8 март), под мотото „Раната детекција спасува живот“, Општинската организација на Црвениот крст од Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.

Во соработка со Младинскиот центар  - Охрид организира предавање на тема „Фотодерматози-причини, симптоми, стадиуми, превенција и лечење“, што ќе се одржи в четврток од 18 часот во просториите на Младинскиот центар во старата касарна, со Охрид (Касарна Охрид) со спец.дерматовенеролог д-р Перчо Бачев како предавач.

Притоа заинтересираните ќе можат да дознаат повеќе за фотодерматозите - промените на кожата што настануваат како последица на дејството на сончевите зраци и начините за заштита на кожата при сончање.

Во светот секоја година од никој вид рак заболуваат над 12 милиони луѓе, а 7,6 милиони  умираат како последица на таа болест. Во нашата држава годишно се откриваат преку шест илјади нови случаи заболени од рак, што е алармантен број.

Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40 проценти од  карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување здрави животни навики. аб/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан