• недела, 29 декември 2024

Предавање во ИНИ за просветната дејност во манастирите и медресите во Македонија од 14 до 17 век

Предавање во ИНИ за просветната дејност во манастирите и медресите во Македонија од 14 до 17 век

Скопје, 17 април 2024 (МИА) - Петти студиски ден организира денеска Институтот за национална историја (ИНИ) на тема „Просветната дејност на медресите и манастирските школи во Македонија (XIV-XVII век): компаративни анализи“, која ќе биде презентирана од доц. д-р Армен Жарноски.

На предавањето, кое ќе се одржи напладне во ИНИ, ќе се анализира состојбата со медресите и манастирските школи - нивното основање, бројноста, начинот на функционирање, наставните програми и литературната дејност, во Македонија во периодот од 14 до 17 век.

-Исто така, преку споредба на начинот на функционирање на двата вида образовни институции, ќе се укаже на сличностите и на разликите меѓу нив, условени од општествено-историскиот контекст,  се наведува во соопштението. 

Институтот информира дека Студиските денови на ИНИ се воведени кон крајот на 2022 година со цел размена на научни знаења и искуства, а пред сѐ презентација на најновите резултати и активности. хс/мд/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан