• недела, 13 октомври 2024

Преговорите Кина - ЕУ за царините на електричните возила завршија без резултат

Преговорите Кина - ЕУ за царините на електричните возила завршија без резултат

Пекинг, 12 октомври 2024 (МИА) – Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека преговорите во Брисел за царините што ЕУ ги воведе за електричните возила увезени од Кина завршија со „големи несогласувања“.

- Преговарачите не постигнаа решение прифатливо за двете страни иако направија значителен напредок во одредени области, се наведува во соопштението на кинеското МНР.

Следниот круг преговори ќе се одржи во Кина, а од 20 септември имаше осум рунди преговори во Брисел.

Земјите-членки на ЕУ вчера гласаа за воведување царини за електричните автомобили увезени од Кина, и покрај противењето на Германците кои стравуваат од трговска војна со Пекинг.

Европска комисија воведе данок од 10 отсто, што веќе е во сила, како и плус доплата до 35 отсто за возилата со батерии од кинеско производство, што ќе стапи во сила на крајот од месецот.

Воведувањето царини Пекинг го оцени како „неправедна и неразумна протекционистичка практика“ и веќе одговори со воведување контра-царини за свинско месо, млечни производи и алкохолни пијалаци на база на вино увезени од ЕУ, вклучително и коњак. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан