• сабота, 23 ноември 2024

Преговорите во Доха за прекин на огнот во Газа влегоа во ќорсокак, Израелците ги напуштија

Преговорите во Доха за прекин на огнот во Газа влегоа во ќорсокак, Израелците ги напуштија

Доха, 27 март 2024 (МИА) - Преговарач, близок до шефот на Мосад, го обвини лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, за саботажа на дипломатијата „како дел од пошироките напори да се разгори оваа војна за време на Рамазан“.

Завојуваните страни ги засилија преговорите, со посредство на Катар и Египет, за шестнеделен прекин на израелската офанзива во замена за предложеното ослободување на 40 од 130-те заложници кои сè уште ги држи палестинската милитантна група во Газа.

Хамас се обиде секој договор да го претвори во прекин на непријателствата и повлекување на израелските сили. Израел го отфрли тоа, велејќи дека на крајот ќе продолжи со напорите за демонтирање на управувањето и воените способности на Хамас.

Хамас, исто така, сака на стотици илјади Палестинци, кои избегаа од градот Газа и околните области на југ за време на првата фаза од речиси шестмесечната војна, да им биде дозволено да се вратат на север од енклавата.

Израелски официјален претставник изјави дека Израел се согласил да го удвои бројот на Палестинци што ќе ги ослободи на 700 до 800 затвореници и дека ќе дозволи некои раселени Палестинци да се вратат во северниот дел на Појасот Газа.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера  соопшти дека Хамас поставил „неразумни барања“, кои според него покажуваат дека Палестинците не се заинтересирани за договор.

Хамас го обвини Израел за застој во преговорите додека ја извршува својата воена офанзива.

Разговорите, со посредство на Египет и Катар, продолжуваат додека хуманитарната криза ги пустоши Палестинците во Газа со сериозен недостиг на храна, лекови и болничка нега. Се зголемува загриженоста дека гладот ​​ќе завладее.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан