• четврток, 26 декември 2024

Прегласувањето во Струга без проблеми, излезност од 64 отсто

Прегласувањето во Струга без проблеми, излезност од 64 отсто

Струга, 22 мај 2024 (МИА) - Вкупно 483 лица или околу 64 проценти од регистрирани 755 гласачи го оствариле своето гласачко право во избирачкото место 1844 во Струга во прегласувањето на вториот круг од Парламентарните избори 2024 година.

Заменик претседателката на Општинската изборна комисија во Струга, Деспина Влаќеска за МИА информира дека процесот на гласање во оваа избирачко место во петтата изборна единица поминал без проблеми.

Прегласувањето на ова избирачко место утрово почна навреме, во 7 часот, а гласачкото место е затворено во 19 часот. сс/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан