• сабота, 27 јули 2024

Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал

Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал
Струмица, 28 април 2020 (МИА)  - Вечерва околу 18:00 часот на улицата „Никола Тесла“ во Струмица прегазено е четиригодишно дете, а возачот на автомобилот побегнал. Настанот го потврдија од струмичката полиција од каде информираа дека детето со тешки телесни повреди по приемот во Медицинскиот центар во Струмица е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата и јавен обвинител. рт/ац/

Остани поврзан