• недела, 24 ноември 2024

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај и заштита од пожари

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај и заштита од пожари

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај и заштита од пожари вчера беа преземени од секторите за внатрешни работи Битола и Куманово.

- На подрачјето на СВР Битола, полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Македонски Брод, Прилеп и Ресен спроведоа превентивни активности од неколку кампањи за безбедност во сообраќајот: „Никогаш не вози под дејство на алкохол“, „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, соопштуваат од МВР.

Од полициските службеници на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

- Покрај овие активности, СВР Битола продолжи и вчера, во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција, да ја спроведува кампањата за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча, известуваат од полицијата.

Во Куманово, пак, полициски службеници од СВР Куманово во повеќе основни училишта во градот реализираа едукативни предавања за учениците, односно практична настава за сообраќајните правила и прописи важни за безбедноста на децата во сообраќајот и како пешаци и како корисници на велосипеди и тротинети.

- Воедно децата беа запознати со улогата и задачите на полицаецот-сообраќаец, информираат од МВР. ир/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан