• четврток, 26 декември 2024

Превентивни активности на МВР во Прилеп и Кавадарци

Превентивни активности на МВР во Прилеп и Кавадарци

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) - На подрачјата на Прилеп и Кавадарци вчера се реализирани превентивни активности во кои целни групи беа средношколците и повозрасните граѓани, соопшти денеска МВР.

Во Средното општинско училиште - Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп и од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени едукативно-превентивни работилници на темите  „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“.

- Во Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес на повеќе локации во градот организираше средби и разговори со граѓаните околу клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот - пешаците, односно повoзрасните лица, соопшти МВР. мд/

Фото: МВР

Остани поврзан