• четврток, 26 декември 2024

Превентивни активности на МВР во Битола Македонски Брод и Демир Хисар во рамки на кампањата „Кажи не на дрогата, да на животот“

Превентивни активности на МВР во Битола Македонски Брод и Демир Хисар во рамки на кампањата „Кажи не на дрогата, да на животот“

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од повеќе организациони единици од Секторите за внатрешни работи Битола и Штип вчера реализираа превентивни активности на теми кои како таргет групи ги имаа возачите и децата од основните училишта.

Како што соопшти МВР, во рамки на СВР Битола во неколку училишта на подрачјето на Битола, Македонски Брод и Демир Хисар беа реализирани превентивни едукативни работилници под мотото  „Кажи не на дрогата, да на животот“, а дополнително внимание се посвети и на злоупотребите преку социјалните мрежи.

На подрачјетона СВР Штип, пак, на повеќе патни правци во и околу Штип, Пробиштип и Кочани беа спроведени активности во пресрет на почетокот на сезоната на задолжително носење зимска опрема во возилата која што започнува од денеска и ќе трае до 15 март 2024 година. вг/

Фото: МВР

Остани поврзан