• четврток, 26 декември 2024

Превентивни активности во Битола и Прилеп за заштита од џебни кражби

Превентивни активности во Битола и Прилеп за заштита од џебни кражби
Битола, 8 октомври 2022 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Битола, Отсек за превенција и полициските станици Битола и Прилеп заедно со портпаролот на СВР Битола на градските пазари во двата града спроведоа превентивни активности за заштита од џебни кражби под мотото „Заедно до поголема сигурност“.
На граѓаните, посебно повозрасните, покрај практични совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземат во насока на поголема заштита од сторители на џебни кражби, им беа поделени и летоци со едукативна содржина, соопштија од СВР Битола. мт/вг/

Остани поврзан