• недела, 22 декември 2024

Превентивна активност на СВР Охрид за безбеден сообраќај во зимски услови

Превентивна активност на СВР Охрид за безбеден сообраќај во зимски услови

Охрид, 15 ноември 2024 (МИА) – „Биди подготвен за безбедно патување во зима“ е превентивната активност  што денеска ја спроведе Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Службеници од Отсекот за превенција на неколку локации низ Охрид преку разговор ги потсетуваа возачите за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата што започнува од денеска и ќе трае до 15 март идната година, како и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, со акцент на придржување до пропишаната брзина на движење и прилагодување спрема условите и состојбите на патот.

На возачите на моторни возила им беа поделени и едукативни материјали со практични совети за безбедно управување моторни возила во зимски услови

Во врска со престојната зимска сезона, СВР - Охрид, пред три дена одржа и работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата, како и со градежните компании што работаат на изградба на автопатот Охрид-Кичево. На состанокот беа координирани активностите и дефинирани предлог-мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови. аб/дма/

фото: СВР- Охрид

Остани поврзан