• вторник, 12 ноември 2024

Прв триумф за Баерн во новата сезона

Прв триумф за Баерн во новата сезона
Лајпциг, 31 јули 2022 (МИА) – Фудбалерите на Баерн Минхен го освоија својот јубилеен, десетти, германски Суперкуп, совладувајќи со синоќа Лајпциг со 5-3 (3-0) на „Ред Бул Арена“. Играчите на Јулијан Нагелсман веќе на полувреме имаа предност од 3-0 со головите на Џамал Мусиала (15 минута), Садио Мане (31) и Бенџамин Павард (45). Марсел Халстенберг (59) ја намали негативата на Лајпциг, пред Серџ Гнабри да ја врати предноста од три голови за Баерн во 66 минута. Кристоф Нкунку (77-пенал) и Дани Олмо (89) ги донесоа домаќините на чекор до пресврт, но Лирој Сане (90+8) стави печат на победата на актуелниот германски првак. ег/паг/

Остани поврзан