• недела, 01 септември 2024

Прв тренинг на македонските кошаркарки пред завршните натпревари во евроквалификациите

Прв тренинг на македонските кошаркарки пред завршните натпревари во евроквалификациите
Охрид, 25 јануари 2021 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва ги започна еднонеделните подготовки за завршниот февруарски циклус во квалификациите за Европското првенство. На подготовките во салата „Билјанини извори“ во Охрид селекторот Владимир Ѓоровиќ повика 15 кошаркарки. Македонските кошаркарки двата последните натпревара во евро квалификациите ќе ги одиграат во Рига, против домаќинот Летонија на 4 февруари и Хрватска, два дена подоцна.ег/скс/

Остани поврзан