• четврток, 26 декември 2024

Прв студиски албум на Боб Дилан по речиси цело десетлетие

Прв студиски албум на Боб Дилан по речиси цело десетлетие

Лос Анџелес, 19 јуни 2020 (МИА) - Познатиот пејач и кантавтор Боб Дилан го издаде својот нов албум со оригинални песни, прв по осум години. Ова ќе биде неговиот 39. студиски албум и ќе го носи насловот „Rough and Rowdy Ways".

Последниот албум на Дилан - „Tempest", беше издаден 2012 година.

На новата збирка ќе се најде и годинашната 17-минутна балада за убиството на Џон Ф. Кенеди - „Murder Most Foul“, како и насловната песна на самиот албум, посветена на американскиот блуз-музичар Џими Рид. Во една од песните - „I Contain Multitudes", Дилан (79) говори и за смртта.

- Мислам на смртта на човештвото. За долгото и чудно патешествие на голиот мајмун, рече музичарот во едно интервју за „Њујорк тајмс”.

Боб Дилан ја доби и Нобеловата награда за литература во 2016 година. си/сд/

Остани поврзан