• вторник, 24 декември 2024

Прв смртен случај од коронавирус во Велика Британија

Прв смртен случај од коронавирус во Велика Британија
Лондон, 5 март 2020 (МИА) - Во Велика Британија денеска е регистриран првиот смртен случај од коронавирус, објави весникот „Мирор“. Еден повозрасен пациент со лоша здравствена состојба почина откако беше позитивен на тестот на коронавирус, а се претпоставува дека се заразил во Велика Британија. Ова е прв смртен случај во Британија од коронавирус, по смртта на британскиот државјанин на 28 февруари на бродот „Дајмон Принцес“, кој се наоѓаше во карантин во близина на јапонското пристаниште Јокохама. гт/

Остани поврзан