• четврток, 26 декември 2024

Прв случај на Ковид-19 во Перу

Прв случај на Ковид-19 во Перу
Лима, 6 март 2020 (МИА) - Прв случај на лице инфицирано со новиот коронавирус е регистриран во Перу, потврди претседателот Мартин Вискара. Пациентот е 25-годишен маж кој престојувал во Шпанија, Франција и Чешка. - Новооткриениот случај претставува понатамошно ширење на епидемијата во Јужна Америка, посочи Вискара. Аргентина и Чиле во текот на неделата ги потврдија првите случаи на заразени лица со новиот коронавирус, додека во Бразил регистрирани се повеќе пациенти. ми/

Остани поврзан