• четврток, 26 декември 2024

Прв случај на вирусот Западен Нил годинава во Грција

Прв случај на вирусот Западен Нил годинава во Грција
Атина, 9 јули 2022 (МИА) – Во Солун е регистриран првиот случај на вирусот Западен Нил за 2022 година во Грција, соопшти Националната организација за јавно здравје. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во соопштението потсетуваат дека вирусот го пренесуваат комарците, а мнозинството од заразените или воопшто не се разболуваат или имаат само благи симптоми. Вирусот Западен Нил, во Грција се појави во 2010 година, а присутен е секоја година во летните и есенски месеци. Во периодот од 2010 до 2021 година, најголем број случаи биле регистрирани во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 59 случаи, а од Западен Нил починале осум лица. ср/ми/

Остани поврзан