• петок, 27 декември 2024

Прв пораз на македонските ракометари на Медитеранските игри

Прв пораз на македонските ракометари на Медитеранските игри
Оран, 30 јуни 2022 (МИА) – По стартната победа над Грција и ремито против Алжир, македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Медитеранските игри, откако вечерва во рамки на третото коло од групната фаза загуби од фаворитот Шпанија со 33-21 (14-8). Најефикасен во македонскиот состав беше Мартин Серафимов со осум голови. Во последното коло македонските ракометари утре ќе играат против Турција со императив да победат за да ги задржат шансите за борбата за медали. Покрај победа над Турција, за пласман во полуфиналето на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе им биде неопходен и триумф на Шпанија над домаќинот на Медитерански игри, Алжир, со што повисока разлика. ег/аа/

Остани поврзан