• среда, 16 октомври 2024

Прв пораз за Пелистер во АБА2 лигата

Прв пораз за Пелистер во АБА2 лигата

Подгорица, 15 октомври 2024 (МИА) - Кошаркарскиот клуб Пелистер го претрпе првиот пораз во АБА2 лигата откако битолскиот тим вечерва загуби на гостувањето против Подгорица со 90-79 (41-43). 

„Зелено-белите“ во долги периоди имаа водство, во последната четвртина влегоа со шест поени предност, но огромниот пад и периодот од над седум минути без постигнат поен се покажа клучен за на крајот наместо со триумф, битолските кошаркари дома да се вратат со пораз.

Најзабележителен беше Едвардс со 24 поени, Мишковиќ имаше 12 поени, но и пет загубени топки, Антоан го заврши натпреварот со 10 поени, а Стојановски, Стајиќ и Костоски имаа по осум поени.

Пелистер следниот натпревар од регионалното натпреварување ќе го игра на домашен терен против Џокер, меч закажан за 30 октомври во Битола. дс

Фото: Фејсбук/КК Пелистер

Остани поврзан