• недела, 24 ноември 2024

Прв пат во историјата на Копа Америка ќе судат жени

Прв пат во историјата на Копа Америка ќе судат жени


Рио де Женеиро, 25 мај 2024 (МИА) – Претстојното издание на Копа Америка ќе биде прво во историјата на кое ќе бидат вклучени и судијки, соопшти јужноамериканското фудбалско тело (КОНМЕБОЛ).
На Копа Америка, што ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули во САД, главни судијки ќе бидат Едина Алвеш од Бразил и Марија Викторија Пенсо од САД. Со нив ќе биде и Татјана Гузман од Никарагва, како ВАР судија.
Како помошнички ќе им се придружат Бразилката Неуза Бек, Колумбијката Мери Бланко, Венецуелката Мигдалија Родригез и Американките Брук Мајо и Кетрин Несбит.
„Ова е значајна обврска преземена од КОНМЕБОЛ во 2016 година. Целта е развој и професионализација на повеќе жени на теренот и надвор од него, како и промовирање на родовата еднаквост на различни турнири“, соопшти КОНМЕБОЛ.
Во 2021 година, Алвеш стана првата жена која судеше на ФИФА турнир во сениорска конкуренција, на Светското клупско првенство, додека Бек и Несбит судеа натпревари на Светското првенство во Катар 2022 година.
Пенсо, Мајо и Несбит се исто така избрани да судат на Олимпискиот фудбалски турнир ова лето во Париз. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан