• сабота, 23 ноември 2024

Прв настап на Влатко Стефановски во Тирана

Прв настап на Влатко Стефановски во Тирана
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) - Македонскиот гитарист Влатко Стефановски викендот првпат настапи во Тирана во Албанија.
Стефановски настапи во придружба на својот син Јан Стефановски - тапани и Иван Кукиќ - на бас, а за координација пред и по настанот стои директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, Златко Ориѓански.
Ориѓански заедно со Денис Бижга, директорот на „Albania guitar festival“ го овозможија овој прв концерт на Влатко Стефановски во Тирана, што, како што посочуваат во соопштение, ќе биде забележан како историски датум за културите на двете земји.бт/са/

Остани поврзан