• четврток, 26 декември 2024

Прв ден без автомобили во Албанија  

Прв ден без автомобили во Албанија  

Тирана, 3 април 2022 (МИА) - Во Тирана и другите градови во Албанија денеска е првиот ден без автомобили, јави дописничката на МИА од Тирана.

Врз основа на одлуката на владата, донесена на 25 минатиот месец, почнувајќи од денеска, секоја прва недела во месецот ќе биде без автомобили. 

Одлуката е донесена за време на глобална енергетска криза, која силно ја погоди земјата, а цените станаа едни од највисоките на континентот. 

Освен за заштеда на пари за горива, оваа мерка, како што истакна албанската министерка за туризам Мирела Кумбаро, е и за да се придонесе за заштита на животната средина 

- Треба да го намалиме сообраќајот најмногу што можеме, а ако не можеме да избегнеме користење автомобил секој ден, најмалку што можеме е да го направиме тоа за викенд. Затоа, ние ја почнуваме акцијата „Ден без автомобил“, првата недела, секој месец, рече тогаш Кумбаро. 

Таа додаде дека мерката не е само за да се заштедат пари на гориво, туку и за да се придонесе за заштита на животната средина. вт/паг/ 

Остани поврзан