Првпат избрана жена за претседател на азербејџанскиот Парламент
- Првпат во историјата, Парламентот во Азербејџан ќе биде предводен од жена, откако на денешната седница пратениците ја избраа Сахиба Гафарова за претседател на законодавниот дом.
Баку, 10 март 2020 (МИА) - Првпат во историјата, Парламентот во Азербејџан ќе биде предводен од жена, откако на денешната седница пратениците ја избраа Сахиба Гафарова за претседател на законодавниот дом.
Нејзината кандидатура е предложена од владејачката партија „Нов Азербејџан“, чии пратеници на вонредните избори на 9 февруари освоија 70 од вкупно 125 места во Парламентот.
За изборот на Гафарова гласале 116 пратеници.
Минатата недела Уставниот суд на Азербејџан ги потврди резултатите од вонредните избори и ингеренциите на 121 пратеник во 125-члениот Парламент. Резултатите од изборите во четири изборни единици беа прогласени за неважечки поради многубројните прекршувања. Се очекува претседателот на државата да определи датум за прегласување. гт/