• четврток, 03 октомври 2024

Прво олимписко злато за Италија во женска одбојка

Прво олимписко злато за Италија во женска одбојка

 

Париз, 11 август 2024 (МИА) – Женската италијанска одбојкарска репрезентација го освои златниот олимписки медал на Игрите во Париз откако во денешното финале триумфираа во дуелот со американските одбојкарки со 3-0 (25-18, 25-20, 25-17).

Најефикасна во редовите на Италија беше Паола Егону, која запиша 22 поени.

Најистакната во американската репрезентација беше Џордан Томсон со осум поени.

За италијанските одбојкарки ова е прва олимписка титула во историјата.

Бронзениот медал на Олимпијадата во Париз го освои Бразил, откако во дуелот за третото место вчера беше поуспешна од Турција. ег ФОТО: Фејсбук

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан