• недела, 24 ноември 2024

Прво место за основците од Жировница на иновацискиот предизвик организиран од НЛБ банка

Прво место за основците од Жировница на иновацискиот предизвик организиран од НЛБ банка
Дебар, 1 ноември 2022 (МИА) - Учениците од Општинското основно училиште „Јосип Броз Тито“ од долнореканското село Жировница го освоија првото место на иновацискиот предизвик организиран од НЛБ банка.
- Уште еднаш успешно го оправдавме епитетот најдобри! Тукушто сме информирани дека на иновацискиот предизвик организиран од НЛБ банка за основни училишта на тема: ,,Изум кој ќе го направи светот подобро место за живеење" нашето училиште освои прво место, стои во синоќешната објава на училиштето.
Учениците со помош на нивните наставници изработија робот кој паметно ќе ја чисти и чува животната средина, односно ќе собира отпад за рециклирање.
- На овој конкурс, идејата на нашите ученици, беше наградена со грант од 3000 евра. Благодарност до учениците и колективот кои го реализираа овој проект, пишува во објавата на управата на училиштето.
Споделувајќи ја објавата за овој голем успех градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски  упатува честитки со ветување дека и понатаму како локална самоуправа ќе продолжат со поддршката за сите училишта и талентирани млади. вт/мд/

Остани поврзан