• петок, 27 декември 2024

Прво издание на манифестацијата „Ohrid water festival“

Прво издание на манифестацијата „Ohrid water festival“

Охрид, 18 август 2023 (МИА) - Промоција на Охрид, спортовите на вода и заштита на животната средина се целите на првиот Фестивал на водени спортови „Ohrid water festival“ што од утре до 27 август ќе се одржува во градот.

Манифестацијата предвидува богата спортска и социјално-едукативна програма, со низа интересни и забавни содржини осмислени да го привлечат вниманието на публиката.

Спортскиот дел опфаќа 17 спортски содржини, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи на 26 август. Две третини од спортовите на фестивалот се олимписки дисциплини. Во рамки на фестивалот ќе се одржат и веслачка, кајакарска и едриличарска регата, трка со кајчиња, водени лудории, подводни активности, а преку изложби и социјални настани ќе бидат презентирани спортовите на вода, но и гастрономската и културната понуда на Охрид.

Дел од манифестацијата ќе биде и панел дискусија на која покрај за спорот, ќе се говори за заштитата на животната средина и промоцијата на туризмот преку одржлив развој.

Фестивалот ќе биде заокружен со концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“, додека во спортскиот дел со второто издание на акватлонот на Охридското Езеро и и „Регатата со традиционални охридски кајчиња“. аб/дма/

Фото/плакат

 

Остани поврзан