• четврток, 19 декември 2024

Првото бебе во Македонска Каменица е девојче

Првото бебе во Македонска Каменица е девојче
Македонска Каменица, 3 јануари 2021 (МИА) - Малата Анелиа е првото родено бебе во Македонска Каменица. Од општината информираа дека таа е трета рожба во домот на семејството Гоцевски.
-На 2 јануари (сабота) 2021 година, во 07:10 часот во гинеколошкото одделение во Штип, на свет дојде малата Анелиа Гоцевска како трета рожба на семејството Гоцевски. Во името на сите граѓани на општина Македонска Каменица на малата Анелиа Гоцевска ѝ посакуваме добро здравје и многу среќа во веселите детски денови. Да им биде гордост и радост на родителите и фамилијата, истакнаа од Општината.
Оттаму додаваат дека се обезбедени средства за секое новороденче, кое ќе биде родено во 2021 година.
 
-Исто како и претходните години и оваа година освен за сите новороденчиња, парична помош ќе доделиме и за првороденото дете. Сметаме дека на тој начин ќе дадеме мала поддршка за семејствата со принова, велат од општината.
 
Паричната поддршка на малата Анелиа ќе и биде врачена во следниот период. вс/бак/

Остани поврзан