• вторник, 12 ноември 2024

Први протести во Мјанмар по воениот удар

Први протести во Мјанмар по воениот удар
Нејпјидо, 4 февруари 2021 (МИА) - Поголем број млади луѓе пред Медицинскиот факултет во Нејпјидо денеска протестираат против армијата, која со воен удар ја презеде власта во Мјанмар. Тоа е прв протест по воениот удар и апсењето на голем број владини претставници, меѓу кои и лидерката Аунг Сан Су Чи и невладини активисти. Демонстрантите бараат повторно воспоставување на демократска Влада. Најмалку тројца демонстранти се приведени. На социјалните мрежи се повикува на граѓанска непослушност. ми/

Остани поврзан