• четврток, 26 декември 2024

Први пресуди за бегството на директорот на Нисан, Гон од Јапонија

Први пресуди за бегството на директорот на Нисан, Гон од Јапонија

Токио, 19 јули 2021 (МИА) - Јапонскиот суд ги осуди Американците, татко и син на затворска казна поради што му помогнаа на поранешниот извршен директор на Нисан, Карлос Гон да избега од земјата.

Тоа е прва изречена казна за случајот Нисан, што почна со апсењето на Гон во Јапонија во 2018 година, под обвинение за финансиски неправилности.

Поранешниот американски оперативец Мајкл Тејлор осуден е на 24 месеци, а неговиот син Питер на 20 месеци затвор. И Џорџ Антоан Зајек, исто така беше обвинет за вмешаност во бегството, но останува на слобода.

Тејлор не ги оспори обвинувањата против нив, признавајќи ја неговата улога во бегство на Гон во Либан. Мајкл и Питер Тејлор на претходните рочишта се извинија и изразија жалење што му помогнале на Гон да избега, додека со кауција чекаше судење во 2019 година.

Според обвинението семејството на Гон на Тејлор му платило повеќе од 860.000 долари за подготовки и логистика и 500.000 долари во крипто валута за адвокатски такси.

Гон на 29 декември 2019 година прво патува маскиран за Осака со воз, а потоа со приватен лет, скриен во сандук лета за Турција, а потоа пристигнува во Либан, кој нема договор за екстрадиција со Јапонија.

Додека поранешниот поошник на Гон во Нисан, Грег Кели ја чека пресудатра во Јапонија. Тој може да биде осуден на 10-годишна затворска казна поради финансиски малверзации.

Додека двајцата пилоти и уште едне вработен во турска мала приватна авиокомпанија осудени се на четири години и два месеца затвор поради соучесништво во бегството на Гон.

Гон останува во Либан и покрај активните истраги против него во неколку земји. Во мај, тој беше испрашуван од француските истражители во Либан за низа наводни финансиски неправилности. Но, тој беше сослушан само како сведок.

Поранешниот извршен директор на Нисан ги негира обвинувањата за финансиски малверзации и тврди дека тоа се измислици на вработените, кои му биле лути поради неговиот обид за спојување на Нисан со француски партнер Рено.

Гон тврди дека побегнал од Јапонија затоа што не верува дека ќе добие фер судење и дека не отишол во Франција од страв да не биде екстрадиран во Токио. ми/

Остани поврзан