• среда, 27 ноември 2024

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова - 35,37%, Стево Пендаровски - 17,34%

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова  - 35,37%, Стево Пендаровски - 17,34%

Скопје, 24 април 2024 (МИА) – Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 1 365 од вкупно 3 508 избирачки места води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 35,37 отсто од гласоците, пред Стево Пендаровски од СДСМ со 17,34 проценти од гласовите.

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 18,18 проценти од гласовите, Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 13,26 %, Максим Димитриевски од ЗНАМ - 7,39 %, Билјана Ванковска поддржана од Левица има 4,18 %и Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 0,91 проценти.

Гласачките места беа отворени од 7:00 до 19:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Одѕивот на денешните претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.

Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година. аа/сa/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан